Со времениот режим на сообраќај во летниот период на државните патишта во Република Македонија се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
За деновите од викендот временските интервали се следни:
петок : 17:00 – 22:00 часот,
сабота : 09:00 – 18:00 часот и
недела : 09:00 – 22:00 часот.
А, во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Исто така се воведува и забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Скопје – Охрид – Скопје на возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони, и тоа:
за време на викендите временските интервали се следни:
петок : 15:00 – 22:00 часот,
сабота : 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот и
недела : 07:00 – 22:00 часот.
Ограничувањата не се однесуваат на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.
Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите.
Патниот правец пак Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 01.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони.