Skip to main content

СВР Охрид

Изменет сообраќаен режим на делницата Требеништа–Мешеишта во наредните 10 дена

СВР Охрид најави привремени измени во сообраќајот на делницата Требеништа–Мешеишта
 |  инфодеск  | 

Од СВР Охрид ја информираат јавноста дека, од денеска во наредниве десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.

На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, информираат од СВР Охрид