Skip to main content

Композитните пломби ги истиснуваат амалгамските

Композитните пломби ги истиснуваат амалгамските. Докторите препорачуваат  замена на  амалгамот заради здравствени и еститески причини. Во нашата земја како и во светот се поретко се употребува амалгамот и местото го отстапува на  композитните пломби.

 |  Валентина Неловска  | 

Добрата орална хигиена резултира со  убава насмевка  само со примена на композитни пломби. Амалгамските пломби пак, иако во стоматологијата се употребуваат повеќе од 200 години современиот начин на живот полека ги  истиснува од употреба и се замнуваат со композитните, вели Д-р Небојша  Баткоски од стоматолошката ординација Д-р Баткоски. Секако покрај естетските постојат и бројни здравствени причини кои  композитните се во предност за разлика од амалгамот. Амалгамот во себе има хемиски елементи како што се жива и олово кој  во зависност од концентрацијата може да имаат штетно делување врз организмот па затоа д-р Баткоски упатува препорака посебно до повозрасните пациенти кои имаат амалгамски пломби.

„ Моја препорака е да се заменат амалгамските пломби бидејќи ако со 10 – 12 искуство и 10 години немам ставено амалгамска пломба  тие пломби им траат повеќе од 15 години. Но, секоја пломба треба да се смени  по 7 години за да може забот да остане витален. За да имаме убава насмевка треба да имаме композитни пломби за разлика од амлагамот“, сугерира д-р Баткоски.

Денес македонските  стоматолзи  се помалку го употребуваат амалгамот. Повеќе се употребува од социјалниот момент при тоа занемарувајќи ги другите преднсоти кои ги имаат композитните пломби, посочува д-р Небојша Баткоски.  

„ Мислам е исфрлен амалгамот. Се употребува по некоја заостаната пломба. Во некој случај може да се искористи, но во ретки случаи при  комплицирани хируршки интервенции кај специјални крварења но многу ретко“, подвлекува Баткоски.  

Во САД и Австралија амалгамот е исфрлен  од употреба засега поретко се користи само во Германија и тоа само од социјален аспект, напоменува д-р Небојша Баткоски.  

{loadposition content9}