Исечени дрва во паркот Горица. Пред околу еден месец започнала дел по дел сечата на дрвјата во шумата наспорти претседателската вила Билјана. Граѓаните кои го користат паркот за рекреација зачудено прашуваат зошто се сече шумата!? Јавувааt дека сечата претежно се одвивала во раните утрински часови
. Редакцијата на ТВМ во повеќе наврати ги контактираше надлежните служби во врска со сечењето на дрвјата на овој потег, но без успех. На 9 јуни и официјално испративме барање до надлежните служби во Локaлната самоуправа, но и по две недели од таму молк и игнроирање на поставените прашања. Побаравме одговор на прашањата кој ја сече шумата, кој издал дозовола и за колкава површина, за која цел се сече?
На овој потег не е прв пат да има ваква сеча. И минатата година во паркот Горица во близина на хотелот Инекс се исече шумата за изгрдбата на хотел од висока категотија од ланцот Смол луксори хотелс , но од неговата гардба до денес нема ни трага. Дрва со или без довола се сечат и во другови делови низ градот, а иницијатива неодамна имаше и на улицата „Кузман Капидан“ да се исечат дрвата и кај Плаошник.