СВР Охрид поднесе кривична пријава против 66-годишно лице од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
-Тој, без да добие соодветно правосилно градежно одобрение за градење, издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, на катастарска парцела лоцирана во месноста „Дебело поле“ во близина на Охрид, бесправно изградил објект, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.