Skip to main content

СВР Охрид

Кривична пријава за вршење јавен превоз без лиценца за лице кое управувало импровизиран „воз“ на кеј „Македонија“

Од најновиот билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 

 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 59-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

– На 19-ти јуни 2025 година, полициските службеници констатирале дека тој на пешачка зона на кеј „Македонија“ неовластено управува импровизирано возило „воз“ со четири вагони во кои се превезувале повеќе малолетни лица, односно не поседувал извод од лиценца за конкретното импровизирано возило „воз“, согласно Законот за превоз во патниот сообраќај, информираат од СВР Охрид.