СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид на возраст од 55 и 30 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.
– Двајцата, неовластено набавиле марихуана и кокаин и извршиле препакувања во помали количини, наменети за натамошна препродажба. При претрес во домот на едно од лицата, извршен по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција, пронајдоа и одзедоа опаковки со марихуана и кокаин, како и други предмети со остатоци од дрога, информираат од СВР Охрид.