Како дел од програмата на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“, денес ќе биде прикажана детската претстава „Црвенкапа“.
– Целосната приказна „Црвенкапа“ е целосно адаптирана во театарска претстава и ги задржува оргиналните делови и секако оргиналните ликови: Црвенкапа, бабата, волкот и ловџијата. Низ многу убави театарски моменти, познати за децата, оргинални костими, сценографија и музика, педагошки, интерактивни и комични моменти ќе се приреди една оргинална театарска хит претстава каде децата ќе ја слушнат и до нив ќе допре и јасно ќе биде упатена пораката на Црвенкапа, а таа гласи: Јас ги исполнувам своите обврски и само така ќе биде исполнето секое мое право. Само така можам секому да кажам „здраво“, информираат организаторие.
Почетокот на претставата е во 19:00 часот во Трговскиот центар Охрид мол. Влезот е бесплатен.