Лазаревска: Незнаењето на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ резултира со целосна деградација на македонското образование
Незнаењето на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ кулминираше со безмилосно трошење на народните пари на “проекти“ од типот : „Компјутер за секое дете“, екстерно тестирање и оценување на учениците и наставниците , целосно нефункционална Кембриџ програма, пренатрупаност на наставниот кадар со двојна администрација и многу “проекти“ кои на крајот резултираа со целосна деградација на македонското образование, обвини кандидатот за пратеник од СДСМ, Жаклина Лазаревска.

Новата влада предводена од СДСМ и коалицијата ќе спроведе итни промени, за европско образование, кажа Лазаревска. Таа наброја дел од мерките за поквалитетно образование како евалуација на сите учебници за основно и средно образование и повлекување на учебниците со суштински грешки во материјата и кои се несоодветни за возраста на учениците, место академија за наставници, едногодишно стажирање во училиштата и друго, истакна денес на пресс конференција Жаклина Лазаревска кандидат за пратеник на СДСМ.
„Ќе го укиниме екстерното тестирање како проект кој предизвика голем револ кај наставниците, а создаде вознемиреност и незадоволство и кај учениците и кај родителите. Екстерното тестирање го девалвира целокупниот напор и труд на наставниците и учениците во текот на целата учебна година. Ние нема да ги заплашуваме наставниците со казни, туку ќе ги наградуваме оние кои мотивирано ќе го пренесуваат своето знаење на учениците.Државниот испитен центар ќе прерасне во Центар за обезбедување на квалитет во образованието. Бирото за развој на образованието ќе се преструктуира и ќе прерасне во Институт за развој на образованието. Ќе извршиме редефинирање на концептот на средните стручни училишта. Ќе ги приспособиме образовните програми кон пазарот на трудот. Посебно внимание ќе посветиме на професионалната ориентација на учениците како начин на нивно целосно насочување кон повисоките нивоa на образование , усогласени со политиките и проектите на економијата.Ќе го истакнеме значењето на Државната матура и ќе ја приспособиме на образовниот профил на училиштето( гимназиско, стручно, медицинско и уметничко, а ќе ја вратиме и универзитетската автономија“, објасни Лазаревска. Таа додад: -„Ќе изградиме студентски град и нови студентски кампуси со сите современи услови достојни за живот на студентите, бидејќи нашите студенти не заслужуваат мувла по ѕидовите, разрушени кровови и смртоносни лифтови“.