Skip to main content

СВР Охрид

Лишена од слобода охриѓанка која управувала мопед со 2,23 промили алкохол во крвта и била агресивна кон полицајците

Од најновиот билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Мопед

 На 21-ви јули 2025 година, во 01:45 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ја лишија од слобода 44-годишна охриѓанка, која претходно управувајќи мопед на истата улица, паднала и се здобила со телесни повреди.

Таа се однесувала агресивно кон полициските службеници кои пристигнале на местото на настанот, а било утврдено и дека има 2,23 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)