Skip to main content

Минимална корекција на цената на горивата

Малопродажните цени на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина до еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

 |   | 

Малопродажните цени на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина до еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,32, односно за 0,09 отсто.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од Комисијата ја посочуваат пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена.