Skip to main content

СВР Охрид

Нападната и ограбена 53 годишна жена на ул. „Марко Несторовски“ во Охрид

Жената се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

На 28-ми март 2024 година, во 10:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички нападнало 53-годишна жена од Охрид и ѝ одзел пари.

-Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.