Skip to main content

Ти Си Твојот Град

Несовесни граѓани одлагаат градежен шут во Чекоштина

Граѓани апелираат до надлежните да преземат мерки за спречување и казнување на несовесните граѓани кои ја загадуваат природата во Чекоштина.

Огромна депонија од градежен шут се формира во Чекоштина на патот кон Сончева порта, реагираат граѓани преку рубриката ТиСиТвојотГрад.

„ Несовесни граѓани подолго време депонираат градежен шут во Чекоштина. Се натрупува отпад на патот кон Сончева порта, а Мауцкер каде што можат легално да се ослободат од отпадот е во близина. “- реагираат граѓаните кои испратија и фотографии од депонијата.

Посочуваат дека покрај градежен шут на депонијата во последно време се одлага и комунален отпад. Апелираат до надлежните да преземат мерки за спречување и казнување на несовесните граѓани кои ја загадуваат природата во Чекоштина.