Денес на повеќе места во Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија и влажност во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.
И во Охрид денес попладне се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 26 степени.
Во текот на следната седмица во Македонија ќе преовладува претежно стабилно време, а само на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.