Skip to main content

Нова програма за спречување корупција

Намален индексот на корупција, во земјава, тврди претседателот на Државната комисија за спречување корупција Горан Миленков. Денес во Струга беше презентирана програмата за  превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавата на судир на интереси за 2016 – 2019 год и како државна стратегија ќе биде готова до 9 ти декември, меѓународниот ден за борба против корупцијата, како што најави првиот антикорупционер.

 |  Биљана Николоска  | 

Државната комисија за спречување на корупција денес во Струга, ја презентира новата, четврта по ред државна програма за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавата на судир на интереси 2016-2019 год.  Како што појасна директорот на ДКСК Горан Миленков, програмата претставува стратешки, национален документ на РМ кој ќе треба сите институции и учесници во донесувањето на програмата да го имплементираат и почитуваат. Додаде дека донесувањето на државната програма претставува обврска од Меѓународната конвенција за спречување на корупција и Европската Комисија.

 „Самата програма има повеќе стратешки приоритети, значи и преврентивниот и репресивниот. Превентивниот би значел да се контролира репресивниот, во која мера, каде оди судството, обвинителството, значи сите органи на прогонот кои учествуваат и самото следење на имплементацијата на самите приоритети кои што ќе бидат на самата програма“ – вели Миленков  

Борбата за спречување на корупција никогаш не запира, секогаш се оди на нулта толеранци, што претставува дел од планот за реформски активности на Владата на РМ, вели Миленков. Додава, дека  државните програми многу допринесуваат во намалување на индексните поени.

 „Ако гледате дека пред 2006 година, Македонија била на 140 место сега сме на високо 60 или 57 место, првите места ги делат скандинавските земји кои имаат поинакви тела од она што сме ние“- изјави Миленков.

Стратешки приоритет на државната програма пред се е превентивната улога. Програма се базира на неколку принципи како што се зајакнување на работата на судството, зајакнување на интегритетот на сите институции, согласно планот за реформски активности. Учесници се сите државни институции на РМ, невладиниот сектор и ОБСЕ кој ја овозможил денешната презентација на програмата, како и тоа што наративниот текст бил предаден на коментар на Европски експерти, кои пак треба да дадат свои видувања, за да може конечно да се донесе како стратешки документ. Неговата промоција треба да биде на 9 ти декември меѓународниот ден за борба против корупцијата.

 

{loadposition content9}