Од буџетот пренаменети средства за дополнителни вработувања во градинката
Четиристотини илјади денари од буџетот на општината, наменети за реконструкција на детските градинки беа пренаменети за вработувања на дополнителен персонал.
Дел од средставата од буџетот на Општина Охрид кои беа наменети за реконструкција на покривната конструкција на градинката „Јасна Ристеска“ пренаменети за нови вработувања во градинките. Во Развојната програма за детска заштита од 2016 до 2018 година, 400.000 денари од буџетот беа предвидени за градежни зафати за подобрување на просторните услови во градинката. На последната седница на совет беше усвоена одлука со која овие средства се пренаменија. Секратарот на Општината Димитар Спасески објасни дека средствата ќе се наменети за вработување на воспитувачки и негувателки, потреба која навистина треба приоритетно да биде решена.
„Со оглед на фактот што комплетната реконструкција на централната градинка е финансирана преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион односно средствата се во целост обезбедени од страна на Бирото за рамномерен развој на РМ, парите кои ЛС планираше да ги инвестриа во тој објект доколку не го добиевме тој проект, зошто градинката беше во сериозна состојба, тие средства од буџетот се ослободуваат и на тој начин ни се отвара можност да помогнеме на градинката со дополнително ангажирање на лица кои ќе се плаќаат од буџетот на Општина Охрид“ објасни Спасески.
Спасески потенцира дека на тој начин ќе се помогне на групите каде има дополнителна потреба од стручен персонал, бидејќи во моментов од 17-20 деца се наоѓаат на листа на чекање, во градинките во Лескоец и Велгошти. Факти кој детерминираат потреба од ангажирање на дополнителен персонал.
Советниците од редовите на СДСМ со обвинение дека станува збор за изговор за предизборни вработувања.
„Ова е уште еден од оние ваши не обиди, туку практични реализации, дека пред избори му давате вработување на луѓе да ви гласаат се тоа на мсетка на буџетот, па нека тоне и општината, нека тоне и државава, но ете ќе се задржиме на тие конкретни две прашања, колку е тој зголемен обем на работа и 400000 за кој профил на луѓе се насочени“ рече Јован Стојаноски – координатор советничка група СДСМ – Охрид.
Инаку активностите од областа на детската заштита планирани со проектите за 2016 година се финансираат од средства на Министерството за труд и социјална политика, од Буџетот на општина Охрид,од сопствени приходи на градинката и од донации и од кредитни средства обезбедени преку Светска банка од средства обезбедени од Светска банка.