Skip to main content

ОМУ „Методи Патче“ доби нов директор

ОМУ „Методи Патче“ доби нов директор. По истекувањето на мандатот на досегашната директорка Нина Момировска бил распишан конкурс на кој се пријавиле двајца кндидати. Градоначалникот Никола Бакрачески пресекол кој ќе ја води оваа образовна институција во наредните четири години.

 |   | 

Емилија Маринова е новиот директор на ОМУ „Методи Патче“. Таа ја замени Нина Момировска чиј втор мандат заврши на почетокот на септември. Во месец август бил објавен конкурс за ова директорско место, а на конкурсот покрај Маринова се пријавил уште еден кандидат. Момировска не конкурирала за и трет пат да биде директор на музичкото училиште. Градоначалникот Никола Бакрачески од двајцата кандидати се одлучил Мариноска да ја води оваа образовна институција во наредните четири години.

Одговорноста да се продолжи со раководење на оваа институција е многу голема. Пред мене имало шест директори кои го трасирале патот и создавале услови за развој на ова училиште. И јас ќе продолжам по тој терк а главна моја преокупација ќе биде реализацијата на една дамнешна идеја, а тоа е да се отвори средно музичко училиште бидејќи во градов има многу мизички таленти, вели директорката Маринова.

Директорката вели дека музичкото училиште располага со стручен кадар и со доволен број инструменти, а ја радува и фактот што од година во година бројот на запишани деца расте. Таа додава дека заедно со својот тим ќе работи на подобрување на условите во училиштето.
Инаку Емилија Маринова повеќе години е професор по пиано во ова училиште. Таа во ОМУ „Методи Патче“ го завршила своето основно образование и целиот нејзин живот е поврзан со оваа образовна институција. Го има основано фестивалот „Охрид те сакам“ со цел да ги промовира младите таленти и да ги афирмира надвор од границите на државава. Организирала и учествувала на многу натпревари од каде и лично, а и како професор се вратила со многу награди.

 

{loadposition content9}