Skip to main content

Осум дрва исечени во дворот на црквата Св. Ѓорѓи

Исечени зимзелени дрва во дворот на Црквата Св Ѓорѓи во Влашкамаала. За сечата на елките пријавија загрижени граѓани до нашата редакција. Жителите  се револтирани од сечата на стеблата стари и по неколку децении. Од Локалната самоуправа информираат дека сечењето на елките е одобрено од нивна Комисија надлежна за одлучување  за сечење на дрвата. 

 |  Валентина Неловска  | 

 
Осум  дрва денес се исечени во дворот на Црквата Св. Ѓорѓи  во Горна Влашкамаала. Во нашата редакција сечата ја пријавија загрижени граѓани. Тие се  револтирани од чинот на сечењето и не се согласуваат со уништувањето на стеблата стари и по неклку децении. Зад објективот на нашата камера коментираат дека зимзелените дрва и елките ги штитат од летните горештини, прашината,  загадениот воздух и  од уличната бучава. Велат Влашкамалци се среќаваат и се одмараат во црковниот парк и пријатното зеленило.  

Неофицијално дознаваме  дека од црквата се жалеле дека една од елките во непосредна близина на црквата правела влага на олтарот. Жителите велат ако тоа е причината во ред е таа се исече ама не се согласуваат со сечата на останатите дрва.
ТВМ се обиде да ги исконтактира парохискиот свештеник од Црквата кои се причините за сечењето на дрвата, но никој не одговараше на повиците. Одговор побравме и од  Комисијата за одлучување за сечење дрва при Локалната самоуправа дали тие издале одобрение за сечење на дрвата во црковниот двор. Томе Џамтоски, портпаролот на општина Охрид информира дека надлежната Комсија издала решение за сечење на осум дрва, 3 смрчи, 2 кедари и 3 чемпреси заради оштетеност.  Црквата има обврска да го уреди зеленилото во паркот на црквата кусо информираат  од локалната самоуправа.

{loadposition content9}