Skip to main content

Охридскиот центар за култура има потреба од нови простории

Центарот за култура Григор Прличев има потреба од поголем простор. Се чека одговор за решавање на потребите од нова театарска сала и галериски простор. Потреба има и  од поекономично  затолувње  на објектот  во зимските месеци. На потег е ресорното министерство за култура со избор на начинот на решавање на проблемот дали  ќе се прошири, догради  или ќе се изгради нов објект.

 |  Валентина Неловска  | 

 

ЦК Григор Прличев има потреба од проширување на постоечките капацитети. Уште пред две години од центарот испратиле барање и идејно решение за решавање на оваа потреба до Министерството за култура.  Поголемото  просторно решение  произлегува од зголемените активности во центарот за култура и формирањето на охридскиот театар, информира директорката  на Центарот Драгана Боцевска. Неопходно е  да се осовременат и подобрат условите во кои работиме, додава Боцевска.

„Се јавува потреба од негово проширување или надградување. Првична беше идејата за надградба, има и проект и  наидовме на позитивен одговор дека потребата е оправдана. Чекаме како ќе се довиваат работите. Дали ќе има надградба, проширување или пак нов објект зависи од министерството и владата“, напоменува Боцевска.
Од центарот предложиле и идејно решение за приоритетните потреби. Боцевска  набројува потреба од помала  кино сала, простор за галерија како и сала наменета само за театарот. Како посебен проблем во зимските месеци Боцевска го посочува загревањето на објектот иако вели добиваат средства од министерството за греење.

„Тој дел е и поголем зафат за да се среди и да се направи поекономично греењето. За огромните тавани за да се загрее  центарот  треба поинаку да се осмисли тој систем за греење. Некогаш и средствата за тој објект за загреење можеби биле поефтини, но денес е премногу скапо загревањето“, напоменува Боцевска.

Боцевска кажува дека во грејна сезона за затоплување на  Центарот за култура им се потребни 10 тони нафта. Со голема економичност центарот месечно  троши  3 тони нафта, а дополнителен финансиски издаток им е и потрошувачката на електрична струја која ја плаќаат по индустриска тарифа, вели Боцеска.
За решавање на  просторниот проблем на Центарот за култура Григор Прличев на потег се ресорното министерство и владата.

{loadposition content9}