Skip to main content

Охрид е симбол на меѓусебно почитување и хармонија

Градските власти и Владиката Георгиј на ифтарска вечера со Исламската верска заедница.
 |  инфодеск  | 

Во организација на Општина Охрид вчера беше приредена ифтарска вечера, на која беа присутни претставници на Охридското муфтиство на Исламската верска заедница, Дебарско-кичевската епархија, пратеници, советници и верници. На вечерата присуствуваше и митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, г. Георгиј.

Вечерва, уште еднаш докажавме дека Охрид не е само град, туку симбол на меѓусебно почитување и хармонија. ​Ифтарот не е само оброк – тој е мост. Ги премостува разликите и нè потсетува дека сите сме луѓе, сограѓани и пријатели. Соживотот во Охрид не е само историја, туку наш идентитет и начин на живот, посочи во објавата на социјалните мрежи, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.