Skip to main content

СВР Охрид

Охриѓанец заработи кривична, ограбувал постари жени на улица

Лицето се сомничи за сторени кривични дела „разбојништво”  и „тешка кражба на дрзок начин”.
 |  инфодеск  | 


СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво”  и „тешка кражба на дрзок начин”.

-Тој, на 28.03.2024 на улицата „Марко Нестороски” во Охрид турнал 84 годишна жена од Охрид и ѝ одзел чанта со пари и лични документи. Притоа, таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди. Исто така, пријавениот на улица „Богомолска” на сличен начин од 65 – годишна жена одзел чанта со пари и лични документи, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.