Skip to main content

Екологија

Охрид има проблем со дивоградбите

Градот не смее да го изгуби статусот кој го има од УНЕСКО. Не треба да се чека туку да се преземаат мерки за заштита, порача Славчо Христовски, претседателот на Македонското еколошко друштво, од шестиот меѓународен конгрес на еколози што се одржува во Охрид. Меѓу темите, се осврнаа и на заштитениот Унеско статус кој го имаат Охрид и езерото.
 |  Валентина Неловска  | 
пловила

Македонија, отсекогаш била свесна за значењето на Охридскиот регион. На Охрид му треба концепт за развој на туризмот, економски развој, заштита на природното и културното наследство, порачаа од Македонското еколошко друштво. Останува да се доимплементираат поставените постулати од 1979 година, со воспоставената заштита на светското и природно наследство под Унеско. Охрид има проблем со дивоградбите во заштитените подрачја, рече Славчо Христовски, претседателот на Македонското еколошко друштво. Сепак , во моментов, има различни активности кои ќе доведат до подобрување на состојбата. Се подготвува просторен план, план за управување со крајбрежјето на Охридското езеро. Планот мора да биде заеднички со Албанската страна и се надеваме еден ден ќе вроди со плод, напомена Христовски.

Пловила

Тоа не личи на една држава како што е Македонија која се наоѓа на европски континент да има стотици нелегални објекти изградени во многу важни зони, ккао што е националниот парк „Галичица“.Тоа се проблеми кои за мене се неразбирливи, се наталожиле низ годините и се надевам, кога- тогаш ќе се решат. Мораме да ги решиме тие работи“, истакна Христовски.

Еколозите спроведуваат бројни активности, но не оди секогаш се најдобро и најбрзо. Сепак имаме континуиран прогрес, некогаш побрзо, некогаш побавно, но работите ги решаваме, не ги затскриваме, истaкна Христовски.Тој го посочува примерот со НП Галичица кој својата егзистенција и своето работење строго ги поврзува со основните негови цели за заштита на природата, за разлика од некои минати проблеми. Денес, НП Галичица е пример со кој можеме да се гордееме, а другите НП тоа го следат, посочува претседателот на Македонското еколошко друштво. Робертина Брајаноска, извршната директорка на Македонското еколошко друштво, пак подвлекува дека успеале да обезбедат соодветна документација за валоризација на различните подрачја за заштита со нивна експертиза. МЕД работи заедно со соработниците не само од факултетите, од државата туку и од соседите. Успеале да помогнат во нивното управувањето на заштитените подрачја.

Европски елени

„Особено сме горди за прогресот што нашата држава го постигна последните години. Мрежата на заштитени подрачја во земјава изнесува повеќе од 13 проценти на национално ниво“, информира Робертина Брајаноска.

На шестиот меѓународен конгрес во Охрид , учествуваа над 200 еколози од различни дисциплини и области на екологијата и животната средина. Тие разменуваа искуства, воспоставија соработка за идни проекти и заеднички активности. Нивните научни трудови беа од областа на екологијата и заштитата на животната средина. Работните сесии се однесуваа на проучување на популации и екосистеми, хидробиологија управување со води и мониторинг, биодиверзитет и заштита, шумарство и земјоделство, управување со природни ресурси, загадување и заштита на животната средина, промени во животната средина.