Skip to main content

СВР Охрид

Пијан возач со три забрани предизвикал сообраќајка со три возила на улицата „АСНОМ“ во Охрид

Од најновиот Билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Сообраќајна несреќа

На 4 февруари 2026 година, во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три возила.

Патничко возило марка „Фолксваген амарок“, со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 24-годишно лице од Охрид, патничко возило „Ланчија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 37-годишно лице од Охрид и патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 35-годишник од Охрид. По преземени мерки, констатирано е дека возачот на „Фолксваген амарок“ го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 0,71 промили алкохол во крвта, а има и три забрани за управување со моторно возило за „Б“ категорија. Исто така, возачот на „Ланчиа“ имал една забрана за управување со моторно возило за „Б“ категорија. Известен е јавен обвинител, по чии насоки им се одземени возилата на двете лица и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со возило“, информираат од СВР Охрид.