Skip to main content

Планинската спасителна служба извлече повреден холандски турист

Инцидентот се случил вчера попладне во атарот на село Елшани.
 |  Маја Савиќ  | 

Планинската спасителна служба при Црвен Крст Охрид вчера од 13.40 до 15.00 часот, имала спасителна акција на територија на Општина Охрид за помош на холандски турист кој се здобил со скршеница, извести Регионалниот ЦУК Охрид.

-Конкретно, извршено е извлекување на повредено лице од околината на с Елшани (холандски турист) кое имало скршеница на нога и е предадено на екипа од Итната медицинска помош од Охрид. Лицето е пренесено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид на понатамошен третман, информираа од ЦУК.