На 09.11.2025 во СВР Охрид е извршен службен разговор со 40-годишно лице од Гевгелија, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 47-годишна партнерка дека агресивно се однесувал кон неа и ѝ упатувал закани. Исто така, според пријавеното, тој ја измамил поранешната партнерка на тој начин што ја убедил да земе крeдити за него, по што одбивал да ги плаќа ратите. По целосно документирање на настаните, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.11.2025 во 15:30 часот во ОВР Струга, 40-годишно лице од Охрид пријавил дека во село Мислешево, струшко, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од лице од с.Мислешево. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (10.11.2025) во 00:22 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Борис Кидрич“ во Кичево, настанал пожар во возило во движење „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 37-годишно лице од Кичево. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево. Увид извршија полициси екипи.
На 09.11.2025 во 18:15 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, кај место викано ,,Лабунишки ливади“, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 76-годишно лице од Струга, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга.