Skip to main content

СВР Охрид

Повеќе полициски интервенции во Охрид: Лишувања од слобода, семејно насилство и затекнати малолетни лица во угостителски објекти

Од најновиот Билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

На 30 ноември 2025 година, во 02:30 часот, на улица „Илинденска“ во охридското село Велгошти, лишени се од слобода три лица на возраст од 37, 41 и 31 години, сите од истото село.

– Тие се затекнати во домот на едно од лицата, каде, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, по судска наредба, извршија претрес и пронајдоа најлонски опаковки со бела прашкаста материја и со опојна дрога марихуана како и други предмети со остатоци од дрога. Истите се одземени и по целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид.

На 29.11.2025 година во 16:20 часот, во СВР Охрид било пријавено дека жена од Охрид, во семејниот дом, физички го нападнала нејзиниот сопруг. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќеска во 00:50 часот, при контрола во кабаре лоцирано на булевар „Железничка“ и во угостителски објект на улица „Кузман Јосифоски Питу“ во Охрид, утврдено е присуство на малолетни лица на кои им било овозможено, точење и консумирање алкохол. По целосно документирање на настанот, против правните и одговорните лица, ќе бидат поднесени пријави согласно член 21 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и членот 204 од Кривичниот законик.