Повторно во Охрид протест на здружението „Протестирам“
Во организација на граѓанското движење „Протестирам“ денеска во Охрид со почеток во 18:30 часот на плоштадот кај „Чинарот“ по 11-ти пат ќе се организира мирен протест на кој граѓаните ќе може да го искажат своето незадоволство од одлуките на власта.

Претходниот протест на граѓанското движење „Протестирам“ во Охрид се одржа на 31-ви мај 2016 година. Од „Пртестирам“ бараат оставка на актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање преодна влада, потоа формирање специјално одделение во Кривичниот суд за предметите на СЈО, вклучување на граѓанските организации во преговорите, оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија.