„Подигање на свеста за менталното здравје и активното стареење“ – најново предавање од Црвен крст Охрид
Од Црвен крст – Охрид информираат дека по барање на Здружението на пензионери на општините Охрид и Дебарца, одржаа предавање по повод Меѓународниот ден на старите лица (1 октомври) и Светскиот ден на менталното здравје (10 октомври), а беа опфатени две теми: „Ментално здравје кај старите лица“ и „Состојбата на старите лица во светот, Македонија, Охрид и Дебарца“.

-Настанот беше наменет за членови на здружението и имаше за цел да ја подигне свеста за важноста на менталното здравје и активното стареење. Присуствуваа околу дваесетина пензионери, кои со голем интерес ги следеа излагањата и отворија плодна дискусија за предизвиците со кои се соочуваат постарите лица во секојдневниот живот, како и за можните начини на подобрување на нивниот психосоцијален статус, велат од Црвен крст Охрид.
Во нивното соопштение додаваат дека е потребно да се организираат почести едукативни средби за поддршка на менталното здравје на старите лица.