ЈП Водовод – Охрид
Поради дефект утрово без вода ќе бидат селата Лескоец, Горно Лакочереј и Велгошти, и улиците ,,1-ва Македонска Ударна Бригада“, „Андреја Јованоски“ и дел од „Јордан Мијалков“
Најново соопштение од ЈП Водовод.

Поради настанат дефект на главниот цевковод со профил од 450 мм, денес од 09:00 часот повеќе часа без вода ќе бидат корисниците од високата зона и тоа: с.Лескоец , с.Горно Лакочереј , с.Велгошти, ,,1-ва Македонска Ударна Бригада“ , „Андреја Јованоски“ и дел од „Јордан Мијалков“.
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување на санацијата.








