Skip to main content

Почна ракометната магија

Започна единаесеттиот ракометен камп на една од најмногубројните и најдобри ракометни школи на Балканот, „Академија Металург“. 

 |   | 

Започна ракометната магија на „Академија Металург“ во Охрид. Четиристотини идни ракометари и ракометарки од академијата, ќе имаат седум дена да другаруваат и учат за ракометната магија под будното око на нивните тренери. Љубовта кон ракометот e најгомеиот мотив, овие идни ракометни ѕвезди да бидат дел од овој настан.

„На ракомет дојдов поради тоа што ги гледав нашите ракометари и добив желба да играм поради нивната одлична игра. Сум бил повеќе пати и друштвото е одлично и мислам дека секоја година е се подобро и подобро“.

„Ракометот го одбрав бидејќи повеќе мои другари се запишаа, па решив и јас. Не доаѓам тука прв пат, ова ми е втор пат.Првиот пат беше добро ама овој пат тренинзите се на поголемо, подобро ниво“, велат учесниците од кампот.

Кампот се одвива во две смени од 15-21 јуни и од 21-27-ми . Вкупниот број се околу 400 деца кои се распоредени во две смени, кои ќе работат со десет тренери во секоја возрасна категорија, вели Александар Јовиќ – тренер и селектор на Младинска ракометна селекција на Македонија.

„Они се во таа фаза каде треба да ги учат и усовршуваат ракометните техники, така да треба да се работи на ракометна техника, на координација на движење“.

Кулминација на кампот ќе биде натпреварувачкиот дел кој ќе се одржи во СРЦ „Биљанини извори“, во кој младите ракометари и ракометарки ќе покажат што научиле секој во својата категорија.

„Планирано е во СРЦ „Биљанини извори“ да се одиграат натпревари помеѓу сите школи во зависност од возрасна категорија и мислам дека тие два дена ќе бидат најубавиот дел, децата ќе играат меѓу себе, ќе развиваат натпреварувачки дух покрај тоа што секојдневно тренираат.

Тренинзите на кампот ќе се реализираат на спортските терени покрај брегот на езерото, а натпреварувачиот дел ќе се одржи во СРЦ „Биљанини извори“ и спортската сала на ОУ „Григор Прличев“. За здравјето и безбедноста на децата ќе се грижи лекарска екипа, која ќе биде на располагање 24 час. Металург сезонава е младински, кадетски и пионерски првак во машка и женска конкуренција.