Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 08:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Кеј Македонија“ , „Партизанска“ со сите споредни улици , „Славеј Планина“, дел од Бул.„Туристичка“, дел од „Јане Сандански“, „ “Димитар Влахов” со сите споредни улици и долната зона од стариот дел на градот.
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.