Skip to main content

Преку швајцарски искуства до повеќе странски туристи во Охрид

Потпишан меморандум за соработка помеѓу охридската Локaлна самоуправа и швајцарскатa фондација  SWISSCONTACT. На овој чин беше присутен и швајцарскиот  амбасадор  Стефано Лазарото. Со  меморандумот ќе се користи швајцарска екпертиза за изработка на Стратегија за туризам на Охрид. Предвидена е и соработка на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид со Универзитетот „Сент Гален“ од Швајцарија.

 |  Валентина Неловска  | 

Меморандум за соработка потпишаа општина Охрид и швајцарската фондација SWISSCONTACT. При тоа  градоначалникот Никола Бакрачески исткна дека меморандумот  е  важен документ поврзан со развојот на туризмот и користењето на швајцарските искуства во овој бизнис сектор. Градоначалникот посочи  дека со техничка и финансиска помош, како  и консултантски услуги на фондацијата, во координација со Секторот за туризам и локален економски развој  ќе биде изработена Стратегија за развој на туризмот на Општина Охрид  за развој на локалната економија и туризмот како основна економска гранка за развој на  Охрид.

„ Заеднички ќе биде изработен безбедносен план за туристичката дестинација, како и оперативни безбедносни планови за сите релевантни институции. Со овој документ се планира и заедничка соработка при спроведување на истражувања за ставовите на туристите од престојот во Охрид, кои ќе бидат основа за континуирани активности за брзо надминување на забелешките. За нас од особено значење е промоцијата на Охрид како атрактивна туристичка дестинација , каде во фокусот ќе бидат приоритетните стратешки целни групи туристи, напомена  градоначалникот Бакрачески.

На чинот на потпишување на меморандумот за соработка со фондацијата SWISSCONTAC беше присутен и амбасадорот на Швајцарија во Р. Македонија, Стефано Лазарото. Амбасадарот  истакна дека е привилегија да се присуствува на чинот на воспоставување на значајна соработка помеѓу швајцарската Влада и општина Охрид.

„ Оваа поддршка доаѓа како една поширока помош и поддршка што ја обезбедува швајцарската конфедрација кон Република Македонија, а конкретната цел е економски развој со посебен акцент на туризмот како битна стопанска гранка. Преку оваа соработка Швајцарија и SWISSCONTACT ќе ги обезбедат најмодерните методологии за развој на туризмот“, истакна Лазарото.

Најголемите швајцарски туроператори за велосипедски туризам остварија посета на Охрид со главна цел зголемување на бројот на странски туристи во Охрид.  Во 2016 година заедно со САД исто така ќе финансираме и настан во насока на реализација на авантуристички туризам што ќе се случи во Охрид , а се очекува да се  привлечат над 300 големи туроператори за овој вид туризам во светот- рече амбасадорот Лазарото.

{loadposition content9}