На 17.06.2023 во 14.40 часот во СВР Охрид е приведена Е.Д.(43) од Ресен, која претходно била затекната при кражба на производи од маркет во Охрид. Предметите се вратени на сопственикот, а против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.