На 12.11.2025 во 18:00 часот на улица „Димитар Влахов“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода 58-годишно лице од Охрид затоа што физички нападнал полициски службеници кои преземале службени дејствија. При преземање мерки во врска со настанот, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,72 промили. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.11.2025 во 16:17 часот, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 55-годишна жена од Охрид. Таа е затекната при извршување кражба во продажен објект и притоа кај неа се пронајдени повеќе одземени производи кои се вратени на сопственикот. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.11.2025 во 07:50 часот во сместувачки објект во Струга, полициски службеници од од криминалистичката полиција при ОВР Струга лишија од слобода 27-годишна жена од Бразил, а приведоа две лица од Бразил, како и 20-годишно лице од Перу. При претрес во собите од објектот, кои ги користеле, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, дробилка и други предмети. Исто така, при претресот е констатирано дека странските државјанки незаконски престојувале во земјава, односно сториле прекршоци по член 147 и член 23 од Закон за странци. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави.