Skip to main content

УХМР

Променливо облачно време со сончеви периоди и северен ветер

Денес минималните температури во Охрид од 2, а максималнте до 13 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Денес минималните температури во Охрид од 2, а максималнте до 13 степени Целзиусови.

Од УХМР велат дека утре преку денот времето ќе биде стабилно, суво и потопло. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер од јужен правец. Од вечерните часови нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност која ќе услови период на нестабилно и постудено време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во петок, кога ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Поради продор на постудена воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.