УХМР
Променливо облачно со сончеви периоди
Денес во Охрид температурите во интервал од 12 до 26 степени Целзиусови.

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.
Денес во Охрид температурите во интервал од 12 до 26 степени Целзиусови.
Од УХМР велат дека утре и во сабота времето ќе биде стабилно со пониски температури. Од недела температурите повторно ќе бидат во пораст, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.






