Претпладне појава на магла или ниска облачност, а попладне променливо облачно со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура до 12 степени.
Утре кон крајот на денот најпрвин во западните делови и во среда, наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе биде во пораст.