Skip to main content

министерство за внатрешни работи

Регистрирани три пријави за нарушување на изборниот молк на подрачје на СВР Охрид

Регистрирани вкупно 10 пријави за нарушување на изборниот молк од кои по три на подрачје на СВР Скопје и СВР Охрид, две на подрачје на СВР Штип и по една на подрачје на СВР Тетово и СВР Битола.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

За време на предизборниот молк, од 1 ноември 2025 година до 07:00 часот на 2 ноември 2025 година, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк од кои по три на подрачје на СВР Скопје и СВР Охрид, две на подрачје на СВР Штип и по една на подрачје на СВР Тетово и СВР Битола.

– По преземени мерки не се потврдени пријавите за шест настани. Покрај ова, регистрирани се 19 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабови. Во врска со гласањето, на 1 ноември 2025 година регистриран е настан за фотографирање кочан со гласачките ливчиња во основното училиште „26 Јули” во општина Шуто Оризари, при што приведено е едно лице и се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од МВР.