ЈП Водовод – Охрид
Санацијата на дефектот во Пештани прекината – продолжува утре наутро поради тешки услови на теренот
Најново соопштение од ЈП Водовод.
Од ЈП ВОДОВОД Охрид информираат дека нивните екипи повеќе од 12 часа макотрпно работат на санација на дефектот во село Пештани, но поради компликации настанати при санацијата на непристапниот и ризичен терен за работа во ноќни услови и за да не биде загрозена безбедноста на работниците, санацијата се прекинува и со работа ќе се продолжи во раните утрински часови.


