Skip to main content

ДЕБАРСКО – КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА МИТРОПОЛИЈА ОХРИД

Света Архиерејска литургија утре во манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“

Утре Света Архиерејска литургија во манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“ – Заум – Трпејца, по повод празникот „Положување на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна.
 |  инфодеск  | 

Македонската православна црква – Охридска архиепископија ги известува своите православни верници дека утре, 15 јули, ќе има Света Архиерејска литургија во манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“ – Заум – Трпејца, по повод празникот „Положување на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна.

Утрената богослужба започнува во 7:30 часот, додека од 09:00 часот Света Архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г.Георгиј, информираат од Дебарско – кичевската епархија.

Исто така, од епархијата известуваат дека има организиран превоз од градското пристаниште со бродот Александрија по симболична цена во 07:30 часот, како и од селото Трпејца од местото викано Надол.