Skip to main content

СВР Охрид

СВР Билтен: Сообраќајка на патот Охрид-Ресен, нападнат малолетник, приведен охриѓанец

Од најновиот Билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

На 17 октомври 2025 година, во 13:10 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица. Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 58-годишно лице од селото Речани, кичевско и товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 27-годишно лице од селото Беранци, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Рено“, а со телесни повреди се здобил возачот на товарното возило, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.

На 17.10.2025 година во 18.50 часот, на улицата „Ристо Чадо“ во Охрид, приведено 67-годишно лице од Охрид. Тој бил агресивен кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија. По извршено алкотестирање, кај него утврдено е присуство на 1,41 промили алкохол во крвта по што е задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 На 17 октомври 2025 година, во 15:00 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, две малолетни лица, на автобуска постојка во охридското село Пештани, го нарушиле јавниот ред и мир со физички напад врз друг малолетник. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветен поднесок.