На 05.11.2024 во 23.00 часот на улица „Абас Емин” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 51 годишно лице од Охрид затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.11.2024 во 14.20 часот на улицата „ЈНА” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга приведоа 43 годишно лице од струшкото село Долно Татеши кој претходно, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 51 годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба”. На катарстарска парцела во струшкото село Мислешево, пријавениот без соодветна документација и спротивно на Законот за градење, изградил доградба на објект за домување. Од извршениот инспекциски надзор извршен од страна на градежна инспекција при општина Струга донесено е решение со кое на инвеститорот му се наредува да ги отстрани утврдените неправилности.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 20 годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. При контрола на патничко возило „фолксваген поло” со струшки регистарски ознаки, со кое се превезувал, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа мeтамфетамин.