На 21 јануари 2026 година во 19.20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на 19 јануари 2026 година, во 18:00 часот, во охридското село Свињишта бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на три лица, врз 62-годишник од истото село. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот и по целосно документирање, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријавa.