Skip to main content

СДСМ Охрид: Бакрачески и локалната власт веднаш да одговорат зошто е паднато нивото на водата во Охридското Езеро

„Бараме градоначалникот Никола Бакрачески и локалната власт во Охрид веднаш да одговорат на граѓаните на Охрид, но и на Македонија – зошто е паднато нивото на водата на Охридското Езеро“, стои во соопштението на СДСМ од Охрид.

 |   | 

„Трет ден состојбата со Охридското Езеро е критична. Алармантно ниското ниво на водата во езерото е директна закана за растителниот и животинскиот свет во и околу езерото. А Бакрачески и општината под негова надлежност ништо не преземаат.“
 
„Дали тоа значи дека со знаење на Бакрачески и советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид се злоупотребува водата на езерото?
Од кого и за што?
Брзо ќе се дознае!
 
Укажуваме дека Охридското Езеро е заштитено од УНЕСКО како светско природно наследство и сите штети по езерото се противзаконско дело!
Со промените што доаѓаат, ќе се стави крај и на безобразниот однос кон Охридското Езеро. Секој кој сторил какво било уништување на природните богатства на Македонија, ќе одговар“, се вели во соопштението на СДСМ од Охрид.