Skip to main content

државна изборна комисија

Се бројат гласовите за избор на градоначалници во Дебрца и Струга

До 18:30 часот излезноста во Општина Дебрца е 60,56% од вкупниот број избирачи, а во Струга гласале 40,14%.
 |  инфодеск  | 

Во 19 часот заврши гласањето од вториот круг за избор на градоначалници на Локалните избори 2025.

Според податоците од ДИК, до 18:30 часот излезноста во Општина Дебрца е 60,56% од вкупниот број избирачи, а во Струга гласале 40,14%.

Во вториот круг за градоначалничката функцијата на Општина Дебрца денеска се борат Златко Силјаноски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата кој во првиот круг освои 1.212 гласа, односно 48,1% од гласачите, и актуелниот градоначалник и независен кандидат, Зоран Ногачески, кој освои 663 гласа (26,31%).

Во Струга кандидати за градоначалник се бизнисменот Менди Ќура, поддржан од ВЛЕН, и Арсим Далипи, кандидат на Алијансата за национална интеграција, предводена од ДУИ.