Skip to main content

Се е подготвено за свечената бадникова поворка

На градскиот плоштад веќе е поставена пештера која претставува симбол на раѓањето на синот божји Исус Христос, дело на вредните раце на монахињите од манастиорт „Св. Ѓорѓиј Победоносец“ од Рајчица.

 |   | 

Четврта година по ред, со фенер и ѕвездички во рака, пеејќи ја традиционалната христијанска бадникова песна „Вечниот Бог“ ќе се одржи „Свечена бадникова поворка за навестување на христовото раѓање“. Годинава кон поворката ќе се вклучат повеќе од 300 дечиња од охридските училишта од претшколска возраст па се до 9-то одделение, објаснува Летка Филипова -член на организационен одбор „Свечена бадникова поворка за навестување на христовото раѓање“.

„Утре во среда во 13 часот ќе ни биде генералната проба во ОУ „Христо Узунов“, пворката ќе биде во петок, на Бадник ден пред Христовото раѓање, тоа е навестување на Христовото раѓање, ќе се движи поворката од црквата „Св.Ѓорѓи“ од 10:30 по улицата „Јане Сандански“ покрај езеро до плоштад, каде се очекува да пристигнат до 12 часот каде ќе бидат пречекани од Градоначалникот и претставници на општината и граѓани на Охрид“, објасни Летка Филипова -член на организационен одбор.

Тука децата ќе бидат дарувани со божиќни пакетчиња и ќе продолжат по чаршијата до црквата „Св. Бгородица – Каменско“ каде ќе бидат повторно дарувани, а настанот ќе биде заокружен со бадников ручек. На градскиот плоштад веќе е поставена пештера која претставува симбол на раѓањето на синот божји Исус Христос.

„Оваа прекрасна пештера, ја изработија вредните раце на монахињите од манастирот „Св. Ѓорѓиј Победоносец“ од Рајчица и сме многу радосни и горди што Охрид единствено во Македонија има толку голема пештера“ потенцира Летка Филипова -член на организационен одбор.

Охрид инаку е еден од првите градови од западна Македонија кои ја возобновија традицијата за одржување на бадникова поворка за време на Бадник. Филипова се надева дека ваквиот начин на одбележување на овој празник ќе се рашири низ сите градови во државава и ги повика сите православни христијани масовно да излезат и да го прослават овој голем празник.