Јп Водовод
Скината цевка при ископ на станбен објект предизвика прекин во водоснабдувањето во населбата Св. Стефан
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.
Од ЈП Водовод информираат дека од страна на градежна компанија при вршење ископ за изградба на станбен објект во населбата Св.Стефан, скината е цевка и денес од 11:40 часот, повеќе часа без вода ќе бидат корисниците од населбата Св.Стефан, на потегот од Хотел Славија до Хотел Гранит.
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.


