На 07.12.2025 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од улицата „7 Ноември“ со ул.„Васил Главинов“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возил „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната жена од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од 26-годишен полициски службеник. Во незгодата со телесни повреди се здобила Л.Т., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид.