Skip to main content

Центар за управување со кризи

Сушица и Далјан повторно предизвикаа поплави, поплавени куќи и во Мислешевски пат, селата Мислешево и Калишта

Водена стихија во охридско-струшкиот регион
 |  инфодеск  |  ,

Од Центарот за управување со кризи информираат дека излеана е реката Сушица на повеќе локации со поплавени дворови и подруми. Кризниот штаб и ЈП Охридски Комуналец интервенираат со механизација, насипување и проширување на коритото. Кај с. Вапила реката Далјан го оштетува патот под мостот и се врши заштита со механизација. Евидентирано е и свлечиште кај Лескоец – Скребатно.

Во Струга информираат дека поплавени се дворови и куќи во Мислешевски пат, с. Мислешево и с. Калишта. ТППЕ Струга интервенира со пумпи, а е ангажирана и градежна механизација и дека Општина Струга е известена за состојбата.