Skip to main content

Тешка сообраќајка на патот Охрид Кичево

Четири лица се здобија со тешки телесни повреди, меѓу нив и малолетно дете во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид Кичево.

 |   | 

За нецела недела уште една сообраќајна незгода се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево, синоќа некаде околу 22 часот. Во неа четири лица се здобија со тешки телесни повреди од кои едно малолетно дете. Повредените, С.А. (18) од Струга како и С.Т.(39), Р.Т.(35) и малолетното лице, сите од охридското село Велгошти од местото на сообраќајната незгода итно се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде биле задржани на понатамошно лекување кажа портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

„Можна причина за сообраќајката е неприлагодена брзина и невнимание при управување со автомобилот, поради што е случено занесување во десна страна удар во карпа и потоа префрлање на автомобилот на спротивната коловозна лева лента при што доаѓа до судир со возилото кое што доаѓало од правец од Струга кон Охрид “, објасни Стефан Димоски – портпарол на СВР Охрид.

Димоски со апел, возачите совесно и одговорно да учествуваат во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со што ќе придинесат за подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот и на елиминирање на сите можности за сообрќајни незгоди.

„Никогаш доста од можноста да се интензивираат полициските контроли и присуството на сообраќајната полиција на овој патен потег, но она што е реално да се каже дека сообраќајната полиција е деноноќно е присутна на овој патен потег на различни места во различен тајминг. Причината за нивното присуство е да се елиминира можноста од сообраќајни незгоди, бидејќи тука имаме изградба на автопат и секако дека коловозот со присуство на тешката механизација претсатавува значителна опасност“ додааде Стефан Димоски – портпарол на СВР Охрид.

На местото на сообраќајната незгода, по овластување на Јавен обвинител, увид извршија полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, поради што сообраќајот синоќа беше пренасочен по регионалниот пат Охрид-Струга.
По наредба на јавен обвинител, од двајцата возачи земена е крв за анализа а врз возилата ќе биде извршено дополнително техничко вештачење.